Португалскиот фудбалски репрезентативец, Кристијано Роналдо, откако го заврши настапот на Светското првенство во Русија, изјави дека неговата селекција има многу млади и талентирани фудбалер.
„Мислам дека во моментов не треба да се грижиме за иднината на Португалија ниту да зборуваме за квалитетот на играчите. Мислам дека Португалија ќе има силен состав во иднина“ вели играчот на Реал Мадрид кој се осврна и на вчерашната елиминација по поразот од Уругвај.
„Знам дека бевме подобри од Уругвај, но, тие дадоа повеќе голови. Во секој случај максимално се боревме но, мораме да му честитаме на противникот“ вели Роналдо.