Челниците на Јувентус со ангажманот на Кристијано Роналдо направија одличен потег. Иако за фудбалерот од Португалија му беа платени на Реал Мадрид 117 милиони евра а неговите годишни примања се околу 30 милиони, тоа нема воопшто да се одрази на буџетот на тимот.
Всушност, сликата е сосема спротивна на радост на луѓето од Италија бидејќи доаѓањето на Роналдо за сто отсто ги зголеми приходите од маркетинг или низ бројки кажано, 58 милиони евра се слеаа во касата на „Старата дама“. Покрај тоа, Јувентус влезе во „топ десет“ клубови по продажба на дресови или вкупно 1 милион и 315 илјади.
Третиот ефект од ангажманот на Роналдо е тоа што Јувентус добил нови 38 милиони навивачи и дури 35 милиони нови следбеници на социјалните мрежи.