Со својот прв гол против Сампдорија во втората минута од натпреварот суперѕвездата на Јувентус Кристијано Роналдо веќе имаше 13 постигнати голови во Серија „А“.
Така на само 19 одиграни средби тој постави рекорд за најмногу постигнати голови на еден португалски фудбалер во една сезона во Калчо лигата. Претходното постигнување го имаше поранешниот напаѓачки играч, Руи Барош. Во сезоната 1988/89, повторно со тимот на „Старата дама“, тој постигна 12 погодоци во 29 натпревари во италијанската елита.
Кристијано Роналдо постигна уште еден гол од пенал во вториот дел со што веднаш го подобри овој рекорд на еден португалски фудбалер кој има 14 постигнати голови во Серија „А“.