Шпанскиот фудбалски прволигаш Ваљадолид на својот Twitter профил објави дека од денеска новиот сопственик на клубот е двократниот светски шампион во репрезентацијата на Бразил и поранешен напаѓач на Барселона и Реал (М), Роналдо. Популарниот „Феномен“ за 30 милиони евра купил 51% од акциите на клубот.
„Во текот на мојата кариера, добив многу искуство, кое ме подготви за овој чекор. Фудбалот секогаш е страст“, изјавил Роналдо.
Трансакцијата е направена во општина Ваљадолид во присуство на претседателот на клубот Карлос Суарез и шефот на градот Оскар Пуенте.