Напаѓачот на Јувентус, Кристијано Роналдо го постигна својот 760-ти гол во кариерата во финалето на Суперкупот на Италија против Наполи. Португалскиот напаѓач со ова го собори апсолутниот рекорд по бројот на голови што го држеше чехословачкиот напаѓач Јозеф Бичан.
Во 64-тата минута од натпреварот, Роналдо го отвори резултатот со тоа што погоди од непосредна близина по изведениот корнер. Кристијано одигра 1.036 натпревари за Спортинг Лисабон, Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид, Јувентус, како и за селекцијата на Португалија.
Апсолутниот рекорд по бројот на голови му припаѓаше на чехословачкиот напаѓач Јозеф Бичан, кој постигна 759 погодоци помеѓу 1931 и 1955 година.
Претходно, Роналдо го надмина достигнувањето на легендарниот бразилски напаѓач Пеле, кој постигна 757 погодоци на 812 официјални натпревари.

