Екипата на Јувентус утре на домашен терен ќе се обиде да ја анулира негативата од 2-0 од првиот меч против Атлетико Мадрид и да обезбеди место во 1 / 4 финалето во Лигата на фудбалските шампиони.
Ѕвездата на „старата дама“, Кристијано Роналдо, пред реваншот со шпанскиот состав, има јасна порака за фановите. Тој им порача да размислуваат позитивно и да веруваат дека Јувентус ќе ја исполни целта.
„Мислам дека тимот верува во сопствените квалитети. Сакам да им кажам на фановите, ајде во вторник да размислуваме позитивно, ајде да веруваме. Возможно е, но, ни треба помош да се подготвиме за пресврт“ – порача Португалецот.