Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Роналдо го „крои“ трансфер планот на Јувентус
    Фудбал

    Роналдо го „крои“ трансфер планот на Јувентус

    risteBy riste24/04/2019No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Првата ѕвезда на Јувентус Кристијано Роналдо, разговарал за плановите за трансфери во текот на летото со менаџментот на Јувентус.

    Според весникот „Кориере Дело Спорт“, португалскиот фудбалер му кажал на раководството на италијанскиот гигант дека сака шест нови засилувања.

    Двајца од нив се од Реал Мадрид, каде Роналдо играше девет сезони. Се работи за централниот дефанзивец Рафаел Варан и играчот од средниот ред Иско. И двајцата имаат несигурна иднина на „Сантијаго Бернабеу“, а Французинот е подготвен да замине. На листата се наоѓа името на ѕвездата на Бенфика Жоао Феликс. 19-годишниот напаѓач го сметаат за наследник на Кристијано Роналдо во Португалија поради одличниот напредок во кариерата што го има.

    Другите три имиња се Костас Манолас од Рома, Федерико Киеза од Фиорентина и Танги Н’Домбеле од Олимпик Лион. Секако, Јуве ќе се обиде да привлече најмалку три од наведените играчи и тешко дека ќе може да ги купи сите. Се очекува во текот на летото дека „бјанконерите“ да се разделат со Паоло Дибала. Има интерес за Миралем Пјаниќ, но тој ќе се продава само доколу дојде многу поволна понуда.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Енис Барди беше претставен како нов фудбалер на Трабзон.

    13/08/2022

    Холанѓанецот направи паралела меѓу Серија „А“ и Бундес конкуренцијата

    13/08/2022

    Флик: фудбалот треба да биде достапен за сите

    13/08/2022

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Енис Барди беше претставен како нов фудбалер на Трабзон.
    • Холанѓанецот направи паралела меѓу Серија „А“ и Бундес конкуренцијата
    • Младите „пелистерци“ се подготвуваат во Маврово
    • Флик: фудбалот треба да биде достапен за сите
    • Њукасл нема да бара замена за Шелви
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2022 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.