Екипата на Јувентус вчера го совлада Фeренцфарош со 2:1 во рамките на 4 коло во Лигата на фудбалските шампиони а Кристијано Роналдо ја продолжи голгетерска серија гледано во елитната конкуренција.
Имено, играчот на Јуве кој донесе изедначување за „старата дама“, во 16 сезони успева да постигна барем по еден погодок.
Роналдо прв пат се запиша во листата на стрелците во 2005. година кога го носеше дресот на Манчестер Јунајтед а голгетерската серија ја продолжи на „Сантијаго Бернабе“ бранејќи ги боите на Реал Мадрид.

