Кристијано Роналдо синоќа го пропушти тренингот за португалската репрезентација поради гастритис и денеска нема да игра на пријателскиот натпревар против Нигерија, соопштија од португалскиот тим.
Португалија ќе го започне Светското првенство на 24 ноември против Гана, а според селекторот Фернандо Сантош, проблемите околу големата ѕвезда немаат негативно влијание во соблекувалната.