Фудбалерот на Португалија, Кристијано Роналдо, постави анти-рекорд на Европското првенство.
Голгетерот на Португалците промаши пенал на вчерашниот меч со Словенија во 1/8 финалето откако голманот, Јан Облак, го одбрани неговиот удар во судиското продолжение.
Роналдо стана првиот играч кој не успеал во два наврати да постигне гол од пенал на Континеталните собири. Првиот пат тоа се случи во 2016 година кога ја погоди стативата на натпреварот против Австрија.