Бразилската фудбалска легенда, Роналдо, се потсети на неговиот престој во Интер во периодот од 1997 до 2002 година.
„Тимот на Интер тогаш беше фантастичен. Го имаше Бобо Виери, Кларенс Сидорф и многу други таленти. За жал, повредите ме спречија да бидам на теренот подолг период. Имаше голем ентузијазам во Интер и навивачите веруваа дека можеме да постигнеме одлични резултати. Гледам ентузијазам и во сегашниов состав на Интер и се надевам дека ќе освои нешто“ – рече Роналдо преку видео-врска за време на Фестивалот „dello Sport“ потсетувајќи се и на неговата најлоша повреда на тетивата на коленото.
„Тоа беше повреда што порано не ми се случила и немав многу информации за тоа. Првите 10 дена беа полни со мрачност и тага. Не се откажав додека траеше физиотерапија и секогаш се надевав дека ќе се вратам на теренот“ – рече „Феноменот“.