Фудбалерите на Португалија вчера загубија на гостувањето кај Данска со минимални 1-0 во првиот меч од четвртфиналето во Лигата на Нации.
Реваншот меѓу двете земји ќе биде одигран на 23 март на Пиринеите а првата ѕвезда на „европските бразилци“, Кристијано Роналдо, ги искористи социјалните мрежи да им се обрати на навивачите.
„Имаме 90 минути да ја промениме ситуацијата. Да дадеме се од себе Португалија! – напиша напаѓачот во објавата.

