Првата ѕвезда на фудбалскиот состав Манчестер Јунајтед, Кристијано Роналдо, нема намера да ја прифати понудата на легендарниот Дејвис Бекам и да замине во неговиот клуб во САД- Интер Мајами.
Шпекулациите велат дека Португалецот иако не е задоволен како се одвиваат настаните на стадионот – „Олд Трафорд, не планира да замине преку „големата бара“.
Наводно неговите агенти за трансфери стапиле во контакт со Баерн Минхен и Рома бидејќи челниците на тимот нема да му дозволат трансфер во друга екипа од Англија.

