Фудбалерите на Реал Мадрид се подготвуваа за финалето во Лигата на шампионите против Ливерпул закажано за 26 мај на стадионот во Киев.
Тренерот на „Кралевите“, Зинедин Зидан, се определи на вчерашното гостување на теренот на Севилја да настапи со драстично подмладен состав за да им даде шанса за одмор на првотимците. Денеска пристигна информација од таборот на европскиот шампион дека напаѓачот Кристијано Роналдо и дефанзивецот, Дани Карвахал, работеле индивидуално
. Португалецот го имаше првиот тренинг откако заработи повреда на глуждот додека Карвахал работел само со физиотерапевт. Двајцата се опоравуваат од повредите со надеж, дека ќе бидат во посакуваната форма за финалето на Лигата на шампионите против Ливерпул. Средбата ќе се реализира на 26 мај во Украина.