Големата ѕвезда на Ал Наср, Кристијано Роналдо, веројатно ќе биде казнет со забрана за настап на два меча поради непримерниот потег кон фановите на натпреварот со Ал Шабаб од 21. коло на Саудиска фудбалска Про лига.
Португалецот покажа непристоен гест кон противничките навивачи кои го скандираа името на „Меси! 38-годишниот Роналдо во сезонава на 20 натпревари постигна 22 гола и направи девет асистенции.
Тој има 3 натпревари и четири голови во Купот на арапските шампиони како и пет голови во Лигата на шампионите на АФЦ.