Главната ѕвезда на португалската репрезентација, Кристијано Роналдо вети дека ќе ги „почитува одлуките“ донесени од селекторот на Португалија Роберто Мартинез на ЕП 2024, опишувајќи го неговото присуство во Германија и можноста да ја претставува својата земја на 39-годишна возраст како „подарок“.
Роналдо играше 207 пати за Португалија и постигна 130 гола со што ги држи и двата светски рекорди во репрезентативниот фудбал.
„Најважно е што сум добро и физички и психички. Подготвен сум, секогаш се подготвувам на најдобар начин, 100% сум професионалец. Ќе бидам подготвен како и секогаш да и помогнам на нашата земја и ќе ги почитувам одлуките на тренерот“, изјавил Роналдо.