Реал Мадрид на 5. август ќе одигра контролен меч против Јувентус на Интернационалниот Куп на шампионите кој традиционално се реализира на стадионите во САД.
Тоа значи дека Кристијано Роналдо кој во текот на летово го напушти шпанскиот состав и замина во Торино, сега ќе има можност да игра токму против „кралевите“. Реал Мадрид првиот меч на турнејата ќе го има против Манчестер јунајтед кон крајот на јули а потоа ќе дојде и спектаклот против Јувентус.
Една недела подоцна Реал во улога на европски првак ќе игра против градскиот ривал Атлетико Мадрид (освојувач на Лига Европа) во рамките на Супер-купот на Европа..