Кристијано Роналдо бил незадоволен од селекторот на Португалија, Фернандо Сантош, затоа што не му дозволува да заврши ниту еден меч на СП. Според португалски извори, ѕвездата на тимот верува дека заслужува да одигра 90 минути на меч.
Роналдо беше заменет на сите три натпревари на Светското првенство – против Гана (3:2) во 88. минута, против Уругвај (2:0) – во 82. и против Јужна Кореја (1:2) – во 65.
Португалската фудбалска федерација (ФПФ) не сака да обрнува внимание на незадоволството на Роналдо. И напоменуваат дека Роналдо им е потребен за сите средби до крајот на првенството.