Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Кристијано Роналдо може да го напушти клубот следното лето, пренесува „АС“.
Според изворот, напаѓачот ќе ја промени клупската средина доколку „црвените ѓаволи“ не влезат во Лигата на шампионите. Португалецот сака да го повтори или сруши рекордот на Франсиско Генто од Реал Мадрид, кој освои шест европски титули. Познато е дека слична цел има и напаѓачот на Пари Сен Жермен, Лионел Меси. Да потсетиме дека Роналдо е петкратен освојувач на Лигата на шампионите (четири пати со Реал Мадрид и една победа со Манчестер Јунајтед). Меси има четири победи во Лигата на шампионите (сите со Барселона).
По 20 одиграни кола, Манчестер Јунајтед е на 7. место на табелата во Премиер лига со 32 бода.

