Португалскиот фудбалер, Кристијано Роналдо, во последното интервју за – „Газета дело Спорт“ имаше интересни одговори на различни теми поврзани со неговиот долгогодишен престој во Реал Мадрид.
Играчот на Јувентус запрашан дали неговиот сегашен тим може да ангажира друг играч од редовите на „кралевите“, Роналдо имаше конкретен одговор.
„Прочитав дека се пишува за играчи како Хамес, Бејл или Асенсио. Ние ги отвораме вратите на добрите играчи а Марсело е еден од нив“ – објасни како размислува Роналдо кој досега постигна 11 голови во дресот на „старата дома“.