Фудбалерите на Јувентус вчера одиграа дома нерешено со Верона 1:1 а единствениот гол за „старата дама“ беше дело на Кристијано Роналдо кој во еден момент имаше кратка дискусија со главниот судија.
Токму тој миг го уловија и камерите а го слушнаа и коментаторите, Дилета Леота и Федерико Балзети, кои беа лоцирани покрај теренот. Португалецот незадоволен од честите прекини на играта побарал од судијата Фабио Мареска да го промени критериумот.
„Пушти да се игра повеќе, немој да свириш на секое, – биле зборовите на Роналдо упатени кон судијата.

