Со своите четири погодоци во првите три натпревари на СП во Русија, Кристијано Роналдо е на второ место на лситата на голгетери на ова СП, само со гол помалку од лидерот Хари Кејн.
Ако успее да ги надмине своите конкуренти со бројот на погодоци на Светското првенство во Русија, Португалецот може да стане само третиот фудбалер кој станува голгетер број 1 на Мундијалот и Лигата на Шампионите / КЕШ во истата година. Досега само двајца играчи го постигнаа тоа, неговиот сонародник Еузебио во 1966 година. (9 гола на Мундијалот 1966 и 7 во КЕШ за сезона 1965/66) и Бугаринот Христо Стоичков во 1994 година (6 гола на Мундијалот 1994 и 5 во ЛШ за сезона 1993/94).
Роналдо постигна најмногу голови во овогодинешното издание на ЛШ, а се надева да го повтори тоа достигнување и во Русија.