Португалската фудбалска ѕвезда Кристијано Роналдо го постигна својот 850-ти гол во кариерата во победата на неговиот Ал Наср со 5-1 на гостински терен над Ал Хазм во натпревар од петтото коло од првенството на Саудиска Арабија.
Роналдо постигна гол во 68. минута за 4-1 пред Садио Мане десет минути подоцна да ги зголеми 5-1.
За Португалецотова е шести гол во последните три натпревари, а забележа и две асистенции. Ал Наср е во серија од три последователни победи во првенството.