Кристијано Роналдо уште поамбициозно го дочекува 1/8-финалето на Мундијалот, бидејќи мора да избрише непријатно достигнување за него.
Статистиката покажува дека португалскиот интернационалец се уште нема ниту еден гол во натпреварите во директна елиминација на светските првенства. Напаѓачот упати дури 25 удари во ваквите средби, но ниту еден не заврши во мрежата. Од Светското првенство во 1966 година, откако се следи оваа статистика, само поранешниот бразилски репрезентативец Роберто Карлос шутирал повеќе кон противничкиот гол – 29 пати.
Сега швајцарскиот тим игра против Португалија, а овој тим прими три гола во првите три натпревари. Осминафиналето е во вторник навечер. Кристијано веќе има еден гол во Катар – против Гана од пенал.