По дебаклот на домашен терен и поразот од 5:0 од Ливерпул вчера, по мечот се огласи и првата ѕвезда на „црвените ѓаволи“, Кристијано Роналдо.
„Понекогаш не го добиваме резултатот за кој се бориме. Понекогаш добиваме погрешен резултат. Ние сме одговорни за ова, само ние, нема кој друг да биде виновен. Уште еднаш, нашите фанови не преплавија со нивната поддршка. Тие заслужуваат повеќе, многу повеќе, и ние мора да го направиме ова. Дојде времето за тоа“, напиша Роналдо на Инстаграм.