Играчот од средниот ред на Барселона Андре Гомеш може да биде ново засилување за Јувентус, објавуваат медиумите во Италија.
Според оваа информација, Кристијано Роналдо инсистирал на таков трансфер. Португалецот пристигна ова лето во клубот од Торино од Реал Мадрид и веќе побарал да го привлечат неговиот сонародник и пријател.
Роналдо објаснил пред менаџерскиот тим на Јувентус дека ако се врати во најдобра форма, Андре Гомеш ќе биде многу корисен за тимот. И предлогот му поминал со позитивен одговор, па се очекува наскоро да биде направена таква понуда кон Барселона.
Претходно некои медиуми објавија дека Андре Гомеш може да стане дел од договорот за Н’Голо Канте, кого Барселона сака да го земе од Челзи.