Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Роналдо покажа одлична голгетерска форма во годинава што изминува
    Фудбал

    Роналдо покажа одлична голгетерска форма во годинава што изминува

    dinoBy dino27/12/2023No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Ѕвездата на светскиот фудбал и на саудиски Ал Наср, Кристијано Роналдо го зазеде првото место во трката на најдобри стрелци во 2023 година, постигнувајќи два гола на натпреварот од 17. коло во шампионатот на Саудиска Арабија против Ал-Итихад.

    Средбата која се одигра во Џеда, тимот на Роналдо ја доби со 5:2. Роналдо постигна два гола од пенал, погодувајќи во 19. и 68. минута.Португалецот стигна до бројката од 53 гола постигнати оваа година и со тоа ги помина францускиот напаѓач од Пари Сен Жермен, Килијан Мбапе и англискиот напаѓач на Баерн Минхен, Хари Кејн, кои имаат по 52 гола.

    Во исто време, Кејн и Мбапе повеќе нема да можат да го стигнат Роналдо, бидејќи нивните клубови повеќе нема да играат натпревари во тековнава година.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.