Фудбалерот, Кристијано Роналдо, доцна синоќа испиша историја откако на 38 години го одигра 200-от меч за селекцијата на Португалија. Тој на гостувањето на Исланд беше стрелец и на единствениот погодок.
„Победата има посебен шмек. Не само затоа што е јубилеен натпревар, туку затоа што го постигнав победничкиот гол – не можев да побарам повеќе. Беше одлично и незаборавно“ – изјави Роналдо.
Неговата селекција која чекори кон Европското првенство во 2024 година, на 8 септември ќе го одигра дербито со Словачка

