Кристијано Роналдо вчера постави два нови рекорди на светските првенства. Тој беше избран за играч на натпреварот против Гана со што за првпат во историјата на Мундијалите еден фудбалер дури 7 пати бил избран за најдобар фудбалер на некој натпревар.
Со погодокот кој го најави триумфот на Португалија вчера, 37-годишниот напаѓач постави и рекорд со тоа што стана првиот играч во историјата кој постигнал гол на пет светски првенства.