Напаѓачот на Манчестер Јунајтед и капитен на Португалија, Кристијано Роналдо проговори за неговите идни планови во националниот тим.
„Се надевам дека ќе бидам дел од репрезентацијата уште неколку години. Моите амбиции се големи. Се уште се чувствувам многу мотивирано. Моето патување со тимот се уште не е завршено. Во нашата репрезентација има многу квалитетни млади играчи. Пред нас е Светското првенство, а јас сакам да играм и на следното Европско првенство“, изјави Роналдо.
Ова Роналдо го кажал во неговиот говор на гала церемонијата на која португалската фудбалска федерација му врачи награда за рекорд по бројот на постигнати голови во репрезентацијата (117). Роналдо е најдобар стрелец во националната историја. Покрај него, само Иранецот Али Даеи постигна повеќе од 100 гола за националниот тим во светот.