Без да блеска многу, ѕвездата на Јувентус Кристијано Роналдо остави свој белег на натпреварот со Лацио кој се одигра синоќа.
Португалецот го постигнаа победнички гол за Јувентус кои го сврте резултатот од 1:0 во 1:2 на „Олимпио“ и сега имаат предност од 11 поени пред вториот во Серија „А“ – Наполи.
Роналдо веќе има 15 погодоци од почетокот на сезоната во „Калчо лигата” и се израмни со Дуван Сапата од Сампдорија. Лидер на листата на стрелците е Фабио Кваљарела со 16 гола.
За Кристијано, ова беше осмиот последователен натпревар во кој успеал да постигне гол. Откако во Серија „А“ се доделуваат по три бода за победа (сезона 1994/95), ниту еден друг играч не може да се пофали со такво достигнување.
Ова гостување во Рим ќе остане интересно и според еден друг показател и интересен факт. За прв пат по 14 години, Јувентус го завршил првото полувреме без ниту еден директен удар кон противничкиот гол.