Португалската ѕвезда Кристијано Роналдо сака да се пресели од Манчестер Јунајтед во Баерн Минхен.
Според одредени португалски новинари, напаѓачот сака да ја продолжи кариерата во тимот од Минхен, но клубот не е заинтересиран да го покани.
Роналдо доцна синоќа пристигнал во Манчестер. Тој ќе преговара за својата иднина со претставници на Манчестер Јунајтед .
Беше објавено дека главниот тренер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, ќе се обиде да го убеди Португалецот да остане во тимот и покрај тоа што оваа екипа нема да игра во ЛШ оваа сезона, а тоа е еден од проблемите кои ги посочува Роналдо.