Кристијано Роналдо сакал да го напушти Светското првенство во Катар, откако дознал дека нема да започне како стартер на мечот со Швајцарија.
Напаѓачот остана на клупата на португалската репрезентација и влезе како замена во 73. минута.
Откако дознал дека тренерот Фернандо Сантош решил да не го пушти да стартува за овој меч, Роналдо збеснал, пишува весникот Рекорд.
Според изворот, Кристијано бил многу блиску да ги спакува работите и да ја напушти португалската репрезентација. Сепак, по некое време играчот се смирил, сфаќајќи дека, сепак, може да игра важна улога во тимот.
Португалската репрезентација не сака да обрнува многу внимание на оваа ситуација, а Сантош и натаму стои на ставот дека тој е оној кој одредува кој игра, а кој не.