Првата ѕвезда на Јувентус, Кристијано Роналдо, сам ќе одлучи дали треба да оди на мечот од италијанскиот шампионат против Специја, пренесува „Тутоспорт“.
Според изворот, Роналдо, кој се опоравил од коронавирусот, ќе ја процени својата подготвеност да влезе во составот на својата екипа и таа одлука ќему ја соопшти на тренерот Андреа Пирло. Јувентус очекува напаѓачот да се врати што е можно побрзо, но тие не сакаат да го ризикуваат неговото здравје. Роналдо исто така може да влезе како замена или да го пропушти натпреварот против Специја за подобро да се подготви за средбата со Ференцварош во групната фаза од Лигата на шампионите.
Во текот на 19-дневниот карантин, Роналдо ја одржуваше својата форма, тренираше дома, но недостатокот на тренинг на теренот може да влијае на неговата подготвеност. Јувентус денес од 15 часот гостува кај Специја во натпревар од 6.коло на Серија А.

