Суперѕвездата на Ал Наср, Кристијано Роналдо, заврши на третото место во изборот за најдобар фудбалер во Азија за календарската 2023 година. Во рангирањето се вклучени и играчи од азиските земји и играчи кои се дел од азиските клубови, што му овозможи на Португалецот да биде меѓу номинираните за наградата.
Сепак, Роналдо заврши на третото место со 17,06% од гласовите. Пред него беа јужнокорејските ѕвезди Хун-мин Сон (22,90%) и Ким-мин Јае (19,54%).
Ѕвездата на Тотенхем ја освои наградата седмипат по ред и вкупно 9-ти пат во кариерата.

