Навивачите на Манчестер Јунајтед жестоко реагираа преку социјалните мрежи откако се појави информација дека Кристијано Роналдо ќе го напушти Јувентус и за 25 милиони евра ќе се пресели во Манчестер Сити.
Португалскиот ас за „црвените ѓаволи“ одигра 292 меча и даде 118 гола. -Ти си предавник! И ќе останеш така запаметен, како најголем предавник! Рацете ти се крвави, Роналдо“, вели еден навивач на Јунајтед за „Мирор“.
-Не заслужуваш да имаш статус на легенда на Јунајтед. Навистина ли за пари си спремен да го уништиш тоа што го остави како наследство на Олд Трафорд?“, му порачал друг навивач.