Екипата на Јувентус забележа победа на гостувањето кај Специја во рамките на 6-то коло на Серија А.
Актуелниот шампион на Италија славеше со 4:1 и се врати на победите откако претходното коло играше нерешено со Верона во Торино,а загуби дома од Барселона во Лигата на шампионите.
Мората беше стрелец на првиот гол во 14.минута, а Специа израмни во 32.минута преку Побега. Во 56.минута во игра влезе Кристијано Роналдо кој поради позитивниот Ковид-19 тест пропушти неколку средби, а му беа потребни само 3 минути да постигне гол за водство од 2:1. Во 67.минута Рабио зголеми на 3:1, а со вториот гол на Роналдо од пенал во 76.минута Јувентус дојде до предност од 4:1.
Со оваа победа Јувентус дојде до 12 освоени бодови и е во самиот врв на табелата со минус 4 во однос на лидерот Милан кој има 16 бодови.
Веќе во среда Јувентус гостува во Будимпешта кај Ференцварош во рамките на 3.коло од Лигата на шампионите.

