Португалскиот напаѓач Кристијано Роналдо синоќа го започна натпреварот со Тотенхем на клупата за резерви, а не доби шанса да влезе на теренот до крајот на мечот. Поради ова, тој реши самоиницијативно да ја напушти клупата пред последниот свиреж на судијата, иако се уште имаше можност да влезе на теренот.
Тренерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, на прес-конференцијата го прокоментира однесувањето наРоналдо, истакнувајќи дека не е шокиран од неговата реакција.
„Го видов, но не зборував со него. Не ми пречи, утре ќе се позанимавам со тоа. Сакам да се фокусирам на тимот“, изјавил Тен Хаг.
Сепак, така благи во реакциите не беа некогашните ѕвезди на англискиот фудбал. Гери Линекер изјави дек аоднесувањето на Роналдо е благо речено неприфатливо.
„Извинете, ова е неприфатливо. Тоа е многу лошо“, изјави Линекер кој работи како тв-аналитичар.