Португалската ѕвезда, Кристијано Роналдо, откри дека го напуштил Реал Мадрид поради претседателот на шпанскиот гигант, Флорентино Перез. 33-годишниот Португалец во интервју за „France Football“, изјави дека бил само средство за правење на пари и затоа одлучил да стави крај на 9-годишниот престој на „Сантијаго Бернабе”.
„Тој ме гледаше само како бизнис алатка. Јас го знам тоа. Се што ми го кажуваше не доаѓаше од неговото срце “, рече Кристијано.
„Чувствував дека во клубот, особено претседателот, не го имаат истиот став како што тоа беше во почетокот. Во првите 4-5 години имав чувство дека сум Кристијано Роналдо. Потоа претседателот ме гледаше со други очи, ако разбирате што сакам да кажам“ рече Роналдо.