Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Кристијано Роналдо тренира индивидуално пред натпреварот од 29. коло на Премиер лигата со Тотенхем, објави официјалниот сајт на клубот.
37-годишниот Португалец, кој поради повреда го пропушти натпреварот од 28. коло со Манчестер Сити (1:4), работи на брзо закрепнување.
Дефанзивецот Рафаел Варан, кој го пропушти дербито со Сити поради коронавирусот, почна да тренира, а се врати и напаѓачот Единсон Кавани, откако нема играно од 8 февруари поради повреда.