Напаѓачот на Ал Наср, Кристијано Роналдо заработи 260 милиони долари и стана најплатен спортист во 2024 година, пренесува „Спортико“. Португалецот на 11 февруари наполни 40 години.
Според изворот, петкратниот освојувач на „Златната топка“ добил 215 милиони долари од договорот со неговиот саудиски клуб, а 45 милиони долари од рекламни договори.
Ѕвездата на Голден Стејт Вориорс, Стеф Кари е втор на листата со 153,8 милиони долари, а боксерот Тајсон Фјури е трет со 147 милиони долари кои ги заработил во 2024 година.
Напаѓачот на Интер Мајами, Лионел Меси, голем ривал на Роналдо во последните години, е четврти со годишна плата од 135 милиони долари.

