Португалската мега ѕвезда во дресот на Јувентус, Кристијано Роналдо откри што го мотивира во моментов. Тој во своето последно интервју откри дека веќе заработил доволно пари и сега е заинтересиран само да најде место во историјата на фудбалот, а постигнувањето на таа цел е со освојување трофеи.
„Јас секогаш се стремам кон победи, ставајќи го успехот на тимот на прво место, бидејќи тоа ми носи и индивидуални награди. Секој ден станувам и тренирам со мислата да постигнам нешто, не само да заработам пари. За среќа, повеќе не ми требаат, сега сакам да заземам место во фудбалската историја, сакам да освојувам трофеи“, вели Роналдо.
Тој исто така го изрази задоволството и воодушевувањето за тренерот и човекот Зинедин Зидан, со кого работеше заедно во Реал Мадрид.
„Јас претходно сум бил обожавател на него, но сега се чувствувам близу до него. Тој ме натера да се чувствувам специјално. Јас сум импресиониран од неговата работа. Тој е секогаш многу искрен со играчите”, рече Роналдо во своето интервју.