Фудбалерот на Манчестер јунајтед, Кристијано Роналдо, кој на дуелот со Евертон го постигна 700-от гол во кариерата, проценува дека „црвените ѓаволи“ се на вистинскиот пат да излезат од кризата.
Неговиот тим успеа да победи против Евртон со 2:1 во рамките на 10 коло во Премие-лигата и да се искачи на 5-то место во рангирањето.
Избраниците на Ерик тен Хаг сега имаат 15 бодови а наредниот меч ќе го одиграат против Њукасл на домашен терен на 16 октомври.