Напаѓачот на Јувентус и Португалија, Кристијано Роналдо го постигна 700-от гол во својата кариера во квалификацискиот натпревар за ЕУРО 2020 со Украина (1:2).
Португалецот стана шестиот играч во историјата на фудбалот кој успеал да го постигне овој резултат. Така, Кристијано Роналдо стана член на симболичниот клуб – 700. Покрај него, за време на своите кариери тоа го сториле, Бразилеците Ромарио и Пеле, Австриецот Јозеф Бицан, Германецот Герд Милер и Унгарецот Ференц Пушкаш кои постигнаа 700 или повеќе голови.
Роналдо дојде до ова достигнување со гол од пенал. Роналдо постигна 450 гола во дресот на Реал Мадрид (клупски рекорд), 118 за Манчестер Јунајтед, 95 за Португалија (национален рекорд, втор во светот), 32 за Јувентус и 5 за првиот клуб во својата професионална кариера Спортинг Лисабон.