На натпреварот од 1/8 финалето на Купот на кралот на Саудиска Арабија во кој се сретнаа Ал-Наср и Ал-Таавун, а заврши со резултат 1:0 во корист на гостите имаше една уникатна ситуација.
Напаѓачот на Ал Наср, Кристијано Роналдо не успеа да го реализира пеналот во 90+6. минута од натпреварот. Така Роналдо за првпат промаши пенал во целото негово играње за Ал-Наср. Португалецот пред овој натпревар ги постигна сите 19 удари од белата точка како дел од клуб од Саудиска Арабија.
Во 71. минута единствениот гол на натпреварот го постигна дефанзивецот на Ал-Таавун, Флавио.
Оваа сезона Роналдо учествуваше на 11 натпревари во сите натпреварувања, на кои постигна девет гола и три асистенции. Актуелниот договор на играчот со клубот е до летото 2025 година.

