Фудбалерот, Кристијано Роналдо, вели дека неговиот Манчестер Јунајтед мора да се бори за врвот во Премиер-лигата и дека не смее да се задоволи само со трката за излез во Европа.
„Мислам дека можеме да ги промениме работите. Сакам да кажам дека можеме подобро. Не сакам да бидам тука за да се борам за шесто или седмо место“ – вели Роналдо.
„Тука сум да победувам и да се борам за големи работи. Имаме долг пат пред нас и верувам дека можеме да постигнеме успеси“ – изјави Роналдо за „Sky Sports“.

