Првата ѕвезда на Јувентус, Кристијано Роналдо, пред мечот со Локомотив Москва во Лигата на фудбалските шампиони, вели дека Маурицио Сари вовел сосема нов начин на игра кој многу повеќе му одговара на Португалецот.
„Се променивме на подобро со Сари. Сега имам повеќе слобода а нашата игра е поразлична. Мислам дека добро напредуваме“ – вели Роналдо кој индиректно кажа дека не му се допаѓала стрaтегијата на претходниот тренер, Алегри.
„Сега мојата позиција и улога е поразлична на теренот. Сакам да имам слобода во движењето и со Сари тоа го добив. Сакаме прво да ја освиме Серија „А“ а потоа и Лигата на шампионите“ – вели Роналдо.