Легендарниот фудбалер на Рома, Даниеле де Роси, откако во текот на летово го напушти тимот од Рим, се определи да ја продолжи кариерата во дресот на аргентинскиот великан, Бока Јуниорс.
Тој денеска на аеродромот во Буенос Аирес беше пречекан во еуфорична атмосфера од поголем група навивачи на „сино-жолтите“ кои го искористија секој миг да се фотографираат со големиот фудбалски борец.
36-годишниот ветеран кој веднаш за Франческо Тоти е на второто место на листата на играчи со најмногу настапи за „римската волчица“, имаше понуди да заигра и во :Милан, Фиорентина и Лос Анџелес Галакси.