Селекторот на Унгарија, Марко Роси, се пошегува со Португалија, Франција и Германија кои се пласираа во елиминациите и таму го завршија учеството. Трите земји беа во групата на смртта во која Унгарците завршија последни.
„Морепловците“ предводени од Кристијано Роналдо загубија со 1-0 од Белгија, „петлите“ сензационално беа елиминирани од Швајцарија додека Германија беше совладана од Англија. Затоа Роси ја искористи можноста да се потсмева на поранешните ривали поставувајќи колаж на Инстаграм, на кој се вметнати и Кристијано Роналдо, Мануел Ноер и Килијан Мбапе.
Сите изгледаат фрустрирано држејќи куфери среде плажа. „Се гледаме наскоро на плажа!“ – е коментарот на Роси на фотографијата.

