Екипата на Милан може да се обиде да го изнајми фудбалерот од средниот ред на Реал Мадрид, Дани Себаљос.
27-годишниот Шпанец не ја добива потребната минутажа од тренерот, Карло Анчелоти и размислува да ја промени средината. Тој игра за „белите“ од 2017 година. Во сезонава има 21 натпревар со ефект од еден гол и една асистенција.
Италијанските медиуми наведуваат дека шпанскиот состав веројатно нема да ја прифати понудата за позајмица бидејќи сака да го продаде.

